(ВИДЕО) ПИВО И ЗНАМЕ ВО РАКА – Вака Зукерберг го прослави Денот на американската независност: „Најмоќниот директор и милионер на светот“


Американците вчера го прославија Денот на независноста, 4 јули, а многу познати личности покажаа како го прославија најголемиот национален празник.
Марк Зукерберг, сопственикот на Мета, објави видео на кое сурфа во одело со американско знаме во едната и пиво во другата рака.
„Среќен роденден Америка“, вели тој додека во позадина свири хитот на Брус Спрингстин „Born in the USA“.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Zuckerberg (@zuck)


Во видеото, Марк носи и Meta Ray-Ban очила, гаџет дизајниран од Мета. Тој го објави видеото на Фејсбук и Инстаграм, најголемите социјални мрежи на Мета и предизвика стотици илјади коментари.
„Толку добро што изгледа како вештачката интелигенција да го направи ова“, „Зошто не ти се мрда косата?“, „Видеото е толку одлично што изгледа нереално“, напишале скептиците.
Засега не е познато како настанало видеото, а многумина го пофалија Зукерберг во коментарите.
„Најсилниот директор и милионер на светот“, „Најдоброто видео што сум го гледал“, „Ова е генијално“, се само дел од комплиментите кои ги добил.


Фoтo: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Енергија директно од природата: Nutrino Lab Energy Boost – нова природна линија на производи од Baby Food Factory

  Заборавете на сите брзи решенија за енергија, бидејќи вистинската, трајна енергија доаѓа од природата. …