Малечката Софи Фату со својот глас, но и избор на песни го воодушеви како жирито така и публиката во популарното шоу „Америка има талент“.
Откако на првиот настап го освои жирито со својата изведба на песната „My way“ од Френк Синатра и доби четири гласа, се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.
Токму таму, на вториот настап, повторно сите ги остави без зборови. Овој пат не само публиката и жирито, туку и целиот свет.
Нејзиниот, како што пет годишната Софи вели, омилен судија Сајмон, ја прашал што би правела доколку ја освои главната парична награда. Таа одговори дека не и е гајле за парите, туку само сака да пее и да ги прави луѓето среќни. Ваквиот нејзин одговор доби огромен аплауз. Следниот беше по нејзината изведба на песната „Њујорк, Њујорк“.
Настапите на преслатката Софи може да ги погледнете во продолжение.

(ВИДЕО) Пет годишната Софи го освои светот: „Не ми е гајле за парите, само сакам да пеам и да ги правам луѓето среќни“
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.