(ВИДЕО) Пар од Србија – Влегување на младенците какво не сте виделе: Поради изборот на песна, снимката од свадбата ги освојува мрежите


Младенците обично се трудат да остават впечаток кога ќе влезат во свадбената сала, било со впечатлива кореографија или музички избор, а парот од Србија тоа секако го постигнал.
Невестата Теодора Спасиќ на својот ТикТок профил споделила видео од влегувањето во салата со партнерот, а музиката во позадина била химната на Лигата на шампионите.
„Веќе година и пол ја планираш својата романтична венчавка, но твоето момче одлучи тој да ја избере песната за твоето влегување“, напишала таа во описот на видеото.

@doki.99 #serbiawedding ♬ original sound – doki.99


Видеото привлекло два милиони прегледи со многу коментари, а многумина биле воодушевени од неочекуваниот избор на музика.
Додека познатата мелодија одекнувала низ салата, парот бил пречекан со аплауз, а на крајот ги чекал матичарот.
Сепак, нивниот прв танц изгледал малку поромантично, а со специјални ефекти и сјај изгледал како адаптација на бајка на Дизни.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) На 43 години, и три родени деца, изгледа како ДЕВОЈКА: Ја сметаат за СОВРШЕНО УБАВА, но многумина не знаат дека е ОД ЕВРОПСКО ПОТЕКЛО

– Омилената партнерка во двојки на Новак Ѓоковиќ импресионирала со својата природна убавина – На …