Инфлуенсерка од Дубаи тврди дека нејзиниот сопруг милионер и купил приватен остров за да може без грижа да ужива во деновите во бикини. Објавата стана вирална за седум дена, предизвика бројни реакции, а стана вест и во медиумите ширум светот.
Соуди Ал Надак (26), на Инстаграм сподели видео од приватен остров со опис: „Сакаше да облечеш бикини, па сопругот милионер ти купи остров“.
Соуди (26) е сопруга на бизнисменот од Дубаи, Џамал Ал Надак, и е родена во Британија. Двојката се запознала кога и двајцата студирале во Дубаи и биле во брак повеќе од три години.
View this post on Instagram
Освен како богата домаќинка, Соуди е позната и како инфлуенсерка, а нејзините профили на Инстаграм и ТикТок го покажуваат нивниот раскошен начин на живот. Во едно видео, на пример, парот купува дијамантски прстен за 1 милион долари и инвестира уште 2 милиони долари во уметнички дела.
Видеото на Соуди Ал Надак во кое тврди дека нејзиниот сопруг го купил целиот остров стана вирално на Инстаграм, собирајќи над 2,4 милиони прегледи за помалку од седум дена.
Зборувајќи за HT.com, инфлуенсерката од Дубаи рекла дека таа и нејзиниот сопруг планирале да го купат островот како инвестиција: „Тоа беше нешто што сакавме да го направиме некое време за инвестирање и мојот сопруг сака да се чувствувам безбедно на плажата поради што и купи еден“.
View this post on Instagram
Соуди одбила да ја открие точната локација на островот поради приватност и безбедносни причини, но рекла дека нејзиниот сопруг Џамал издвоил огромни 50 милиони долари за приватниот остров.
Во минатото, инфлуенсерката родена во Велика Британија привлекувала критики за фалење на социјалните мрежи. Нејзините профили се полни со фотографии и видеа на кои се прикажани гламурозни одмори во странство, фенси вечери, пазарење во дизајнерски бутици и други различни погледи на нејзиниот привилегиран начин на живот.
Снимката за приватниот остров предизвика и реакции, при што некои се сомневаат во веродостојноста на нејзините тврдења.
Фото: Принтскрин/Instagram