(ВИДЕО) Овој филм на Нетфликс го гледале 75. милиони корисници – и тоа за помалку од еден месец!

NETFLIX ретко споделува податоци за гледаност за своите филмови и серии, освен ако бројките не се исклучително големи. Во неодамнешниот квартален извештај, тие открија дека филмот „Army of the Dead“ (Армијата на мртвите) на Зак Снајдер е прегледан на 75. милиони сметки на Нетфликс ширум светот.
Овој филм за зомби ја достигна таа бројка во првите 28. дена од објавувањето. Инаку, продолжението на овој филм доаѓа.


По него следи филмот „ Fatherhood“ во кој главната улога ја толкува Кевин Харт. Тој филм е прегледан на 74 милиони кориснички сметки. Анимираниот филм „The Mitchells vs. the Machines“, собрал 53. милиони прегледи.


Кога станува збор за сериите, „Sweet Tooth“, кој се базира на истоимениот стрип на Џеф Лемир, е гледан во 60 милиони домаќинства. Зад неа е серијата „Shadow and Bone“ и втора сезона на Лупино.


Исклучително е популарно шоуто „Too Hot to Handle“, кое собрало 29. милиони преноси, иако е со полош резултат во споредба со првата сезона.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) 66-годишна актерка – Енди Мекдауел открила дека и е дијагностицирано ретко пореметување: „Мислев дека ќе вградам колк“

Актерката Енди Мекдауел вчера открила дека и е дијагностициран синдромот пириформис, ретко пореметување кое предизвикува …