Големата Сина дупка во Белизе, според многумина, е најголема мистерија на океанот. На многумина им е сон да откријат што се наоѓа на дното, а тоа сега и успеало на група истражувачи накои минатата година им се придружил и милијардерот Ричард Брансон.
Големата сина дупка е привлечна за нуркачите, но нејзиното дно досега останало неистражено, пишуваат inews.На Брансон во оваа експедиција го следел подводниот конзерватор Фабиен Кусто, внук на легендарниот Жак Кусто.
Она што го откриле е навистина депресивно.
„За жал, на дното видовме пластични шишиња,што е вистинска казна на океанот“, напишал во својот блог Брансон. Тој во подморница во друштво на Фабиен Кусто се спуштил на дното а нивната експедиција е прикажана на Discovery Channel.
На околу 90. метри длабочина наишле на сталактити кои изворно се формираат на самото тло.
„Тоа е доказ дека океаните можат да растат брзо и катастрофално. Нивоата на морињата некогаш биле стотина метри пониски“, вели Брансон.
https://www.instagram.com/p/Bq9y0nWhPtC/?utm_source=ig_embed
„Тоа беше еден од најсилните потсетници на опасноста од климатските промени кои било кога сум ги видел“, вели тој.
Освен пластични шишиња на дното наишле и на остатоци на ракови и други суштества кои потонале на дното, останале без кислород и умреле.
„Моите внуци до 2050. година ќе бидат во своите триесетти години на живот. Не сакам да растат во свет без корали и останатите чуда на океанот“, заклучил Брансон.