(ВИДЕО) ОПАСНО – АПЕЛ НА ВЛАСТИТЕ ВО ФЛОРИДА: Оцаа амеба дава симптоми слични накороната а убива за 7. дена!

Случајот со многу ретка амеба што го „јаде мозокот“ е потврден на Флорида, соопштија здравствени власти во оваа американска држава.
Одделот за здравство во Флорида потврди дека едно лице во округот Хилсборог е заразено со едноклеточна амеба Naegleria fowleri која предизвикува инфекција на мозокот и која обично е фатална.
Амебата обично се наоѓа во топла свежа вода и влегува во телото преку носот. Министерството не открило каде е заразено лицето, ниту неговата здравствена состојба а се знае дека амебата не може да се пренесе од личност до личност.
Случаите се претежно регистрирани во јужноамериканските држави, ретки се на Флорида, а од 1962. година регистрирани се 37 случаи. Поради сериозноста на инфекцијата, Министерството издало предупредување до жителите на округот Хилсборо.


На локалното население им се советува да избегнуваат контакт со нос и вода од фонтани и езера, реки, канали и слично каде е можно инфекција, особено за време на потоплите летни месеци, јули, август и септември.


Инфицираните луѓе имаат симптоми како што се треска, вртоглавица и повраќање, како и вкочанетост на вратот и главоболки. Повеќето умираат за помалку од седум дена.
Министерството апелирало до оние што ги забележуваат симптомите што поскоро да се јават кај лекар затоа што болеста напредува брзо, пишува ББС, пренесува порталот „Кликс“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнуваат Светите маченици Ермил и Стратоник

Светите маченици Ермил и Стратоник се христијански светители и маченици од 4 век, познати по …