Откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во САД, неговата сопруга Меланија Трамп повторно е во фокусот на јавноста.
Имено, на социјалните мрежи повторно се споделува видео од словенечка реклама од 1993 година, во која поранешната манекенка игра претседателка. Таа тогаш имала 23 години. Странските медиуми пишуваа за оваа реклама уште во 2016 година, наведувајќи дека станува збор за реклама за словенечки бренд за облека.
Како што напиша Univision, според продуцентите на рекламата, нискобуџетното видео ја прикажува „првата жена претседателка на САД на денот на нејзината инаугурација“.
Како што можете да видите на видеото, Меланија излегува од авионот и ја поздравува делегацијата која ја пречекала на аеродромот. Потоа, придружувана од обезбедувањето, влегува во Chevrolet Caprice Classic од 1980-тите. Додека вози, таа ја поправа шминката за да се подготви за инаугурацијата.
Непосредно пред да положи заклетва, Меланија се среќава со луѓе од нејзиниот кабинет на маса покриена со цветни аранжмани. Таа потоа полага заклетва наместо кое е поставено како скалилата на американскиот Капитол, но како што пишува Daily Mail, не се залажувајте. Свеченоста се одржала во библиотеката на Државниот универзитет во Словенија.
За потсетување, поранешната манекенка со потекло од Словенија ја имаше улогата на прва дама за време на мандатот на Трамп од 2016 до 2020 година.
Фото: Принтскрин/YouTube