(ВИДЕО) Новак Ѓоковиќ ја започна рехабилитацијата

По прекинувањето на учеството на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ имал итна операција на коленото (менискус). Иако зафатот бил успешен имаше разни прогнози околу неговото продолжување на кариерата.
Особено што се појавија разни шпекулации околу опоравувањето. Додека едни предвидуваа дека ќе успее да се врати на Вимблдон, други беа песимисти и тврдеа дека е неизвесно ниту неговото учество на Олимписките игри во Париз.
Но, според видеото кое Ѓоковиќ го постави на својата страна на Инстаграм се чини дека рехабиитацијата се одвива во добар правец.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


Но, на враќањето на Новак Ѓоковиќ на тениските терени сигурно ќе почекаме бидејќи најуспешниот тенисер на сите времиња секогаш сака да биде максимално подготвен за своите мечеви.


Неговата објава наишла на голем одзив не само кај фановите туку и пријатеите и колегите. Па со свои коментари се јавуваат актерот Хју Џекмен, тенисерите Стен Вавринка, Шаповалов и многу други.

Г.О.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) За чиста десетка: Не се соблекла, а сите гледале во неа

Зои Салдана синоќа блесна на црвениот тепих во Лондон и малку е да се каже …