(ВИДЕО) Нова серија на Дискавери: „Ед Стафорд-Препуштен на смртта“


Телевизијата Дискавери сними нова авантуристичка серија, која го следи Ед Стафорд во обидот до побегне од некои од најсуровите места на планетата за помалку од 10. дена.
Во серијата насловена „Ед Стафорд: Препуштен на смртта“, главниот протагонист го очекуваат суптропски шуми, пустини и планини. Оставен во дивина без опрема за преживување, Ед има само 10. дена да стигне до цивилизација – поместувајќи ги човечките граници на издржливост.
Секоја епизода е снимана во различна земја, а Ед останува „препуштен на смртта“ на Мадагаскар, во Бугарија, Монголија, Лаос, Боливија и Панама.
Ед со себе носи камера за да се снима. Тој е без мапа, компас или алат, мора да се потпре на своите инстинкти и волјата да преживее во борбата против гладта, жедта, уморот и препреките кои го загрозуваат неговиот живот.
Некои од предизвиците со кои се соочува се толку опасни што има потреба од сигурносен тим да го следи од далечина и да го спасат во случај нешто да тргне на лошо.
Оваа серија докажува дека преживувањето не е само тест на физичката сила, туку и на менталната агилност и непропустливата одлучност кои се клучни за преживување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмскиот Театар ќе биде изведена претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведена театарската …