Нов подвиг на кардиологот и академик Сашко Кадев – го искачи „вистинскиот врв на Манаслу“ на Хималаите.
Станува збор за осмиот највисок врв во светот, на надморска височина од 8.163 метри. Врвот се наоѓа на хималаите во западно-средишниот дел на Непал, а меѓу алпинистите е познат и како „Планина на духот“.
Д-р Кедев беше дел од екипата на 22 алпинисти, а овој подвиг преходно им успеал само на 16 луѓе.
Во изминатите неколку години Сашко Кедев успеа да ги освои највисоките врвови на сите седум континенти.
Фото: Принтскрин/Facebook