(ВИДЕО) НОЛЕ „ЛУДО“ СЕ ЗАБАВУВА ВО БУГАРИЈА: Направил шоу на теренот а потоа го земал микрофонот и пеел, а извел и специјален танц…

Ноле деновиве одлично се забавува во Бугарија!
Најдобриот тенисер на планетата Новак Ѓоковиќ максимално го искористил своето доаѓање во Софија на егзибициски меч против Григор Димитров и заедно со бугарскиот тенисер направил одлична забава.


По мечот, Новак и Гришо завршиле на „афтер забава“ на која била присутна и пејачката Камелија, онаа чија песна Ѓоковиќ ја сака и која му ја испеала.
Откако Ноле во салата побарал од диџејот да му ја пушти „Луда по тебе“, а тој не го направил тоа, Камелија брзо му ветила дека лично ќе му ја отпее споменатата нумера, и таа го направила тоа.
Самиот Ѓоковиќ бил добро расположен, што може да се види од видеата кои се појавија на социјалните мрежи.

Уживал додека ги слушал песните на Камелија, фрлал салфети со Гриша и играл на подиумот, свирел на тапани, додека во еден момент и самиот не го земал микрофонот и ја отпеал песната на ОК Бенд „А во меѓувреме“.

Фото: Принтскрин/Монтажа/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

28. Златна буба мара на популарноста

  Убедливо најпопуларната манифестација кај нас, оваа година ќе се одржи на 19 февруари во …