Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, јавно му се заблагодарила на Никола Јокиќ за моментот со нејзинот син за време на НБА Ол-стар натпреварот кој се одржа викендов.
Додека уживала во спектаклот во Сан Франциско, Иванка снимила интересна сцена со нејзиниот осумгодишен син Теодор, познат по прекарот Тео.
Иванка Трамп сподели видео на Инстаграм на кое се гледа дека Јокиќ, трикратен MVP на NBA лигата, му помага на Тео да се соочи со камерите и да позира за фотосесија.
View this post on Instagram
Иванка Трамп на својот профил на Инстаграм објавила повеќе фотки и видеа а меѓу нив и она на кое Јокиќ му ја врти главата на нејзиниот син Тео за да го намести за сликање со што покажала дека и се допаднал гестот на српскиот кошаркар.
Фото: Принтскрин/Instagram
ekran платформа за слободоумни