Љубиопитно мече во близина на рускиот град Петропавловкс – Камчатка, во петокот, им пришло на двајца мажи кои спиеле на тревата. Откако помирисало еден од нив, се обидело да им се приближи и му зачекорил на ногата.
Мажот веднаш вреснал и станал и се обидел да го разбуди својот успиен пријател. За среќа, младото мече подеднакво се исплашило и се минало без инциденти.
На сцената и сведочеле барем двајца луѓе кои разговарале додека мечето се приближувало на успиената двојка и не направиле ништо да ги предупредат, што многумина го осудиле на социјалните мрежи.
Снимката вчера се појавиал на Viral Hog, а веќе ја пренеле бројни медиуми, вклучувајќи го и Mashable, кој пишува дека кафеавите мечиња на полуостровот Камчатка во минатото убивале луѓе.Но, овојпат за среќа, станувало збор за младо мече чија мајка не се појавила во близина.