(ВИДЕО) Невидлив градник прави чудо за деколтето – градите се совршени


Дечки и девојки, кога наредниот пат на улица ќе видите совршени гради застанете и размислете – дали се навистина совршени или така изгледаат благодарение на совршениот градник кој не го гледате?
Овој модел на градник, т.н. невидлив грдник, е многу популарен меѓу богатите и славни жени. Благодарение на него градите им изгледаат природно совршени, иако не се. Ретки се среќничките на кои градите им одолеваат на гравитацијата, а останатите се снаоѓаат како знаат.
Инаку, класичните градници наслутуваат дека на градите им треба потпора, додека невидливиот градник е незабележлив. Тоа се своевидни налепници за градите кои буквално ги креваат градите а при тоа се залепуваат за кожата над нив. За некои жени тоа е совршена алтернатива за одењето под нож. Водоотпорен е па со него може и на плажа.
Во кусото видео погледнете како изгледа невидливиот градник и како се става на градите.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Воскресение Христово (втор ден)

Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат со барање …