(ВИДЕО) Невеста се омажила во венчаница од 200. денари, видеото собрало повеќе од два милиони прегледи

АМЕРИКАНКАТА Џилијан Линч барала совршена венчаница за својата венчавка, но кога тргнала во потрага по неа, решила да не пазарува во скап салон за венчаници.
„Никогаш не планирав да одам во салон со венчаници, а веднаш ми беше опција продавница за ‘втора рака’“, изјавила таа за Insider. Таа истакнала дека барала бели фустани, а не всушност раскошни венчаници.
По посетата на неколку продавници, Џилијан го пронашла идеалниот фустан во продавница за ‘втора рака’. Станува збор за креација потпишана од дизајнерката Камила Коелјо, чија вистинска цена е 220 долари (околу 11.880 денари). а Џилијан го купила за 3,75 долари (околу 200 денари).

@jilly_lynch


so happy with all these finds 🤍

♬ original sound – Jillian


Кога го купила фустанот, не била сигурна дали ќе го носи на својата свадба, но кога видеото што го објавила на TikTok станало вирално, таа се уверила дека тоа е фустанот за неа. Видеото е прегледано повеќе од два милиони пати. Потоа го однела фустанот кај кројач за да го прилагоди на нејзиното тело.
Корекциите ја чинеле 110 долари, заедно со пар чевли од осум долари, што значи дека венчаницата всушност ја чинела 121,75 долари (околу 8.500 денари). Сама се погрижила за косата и шминката.
„Мислам дека никогаш не сум се чувствувала толку добро во нешто. Вака треба да се чувствува секоја невеста на денот на венчавката, како да е на врвот на својата убавина. Токму така се чувствував кога го облеков фустанот”, објаснила таа.
Иако не се замарала премногу со венчавката, Џилијан на крајот рекла дека денот бил совршен. „Имавме прекрасен ден и многу се забавувавме. Пресреќна сум”, рекла таа.


@jilly_lynch

♬ Put Your Head On My Shoulder – Paul Anka

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДОАЃА ПОМРАЧУВАЊЕ НА СУПЕРМЕСЕЧИНАТА КАЈ РИБИТЕ: Кругот се затвора за се, започнува НОВ ЦИКЛУС – три знаци најмногу ќе го почувствуваат

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …