„БЕВ надвор на студ, обидувајќи се да ги исчистам цевките. Беше малку студено и темно, но тоа е реалноста“, изјавил тој.
Младиот лото-милионер ги оставил сите без зборови откако решил дека и покрај тоа што освоил скоро 9 милиони евра во најпознатата игра на среќа во светот, ќе продолжи да работи од 9 до 5 во калливи канали.
Дваесетгодишниот Џејмс Кларксон од Карлајл, Англија, на лотарија освоил речиси 8 милиони фунти, но решил да продолжи да работи. „Премлад сум за да застанам“, изјавил тој за британските медиуми откако на 5 јануари дознал дека ги погодил сите шест победнички броеви.
Џејмс открил дека освоил точно 7.533.329 фунти (8.925.435 евра) после ноќното излегување со својата девојка. „Таа ме погледна поспано и ми рече: Ама не доби, пред да се врати да спие“, се присетил тој низ смеа. Националната лотарија ја потврдила добивката со неговите родители, што го оставило во шок.
По повод неговата победа, Џејмс приредил вечера со шампањ во куќата на неговите баба и дедо, опкружен со семејството и пријателите. Планира луксузен одмор во Зеленортските Острови, купување гардероба и размислува да ја исплати хипотеката на неговите родители. Како страствен навивач на Манчестер Сити, тој сака да купи сезонски билет и размислува да купи „Ауди“.
Веќе следниот ден се вратил на работа
И’ покрај тоа што ја добил наградата од милионски износ, Џејмс се вратил на работа веќе следниот ден.
„Бев надвор на студ, обидувајќи се да ги исчистам цевките. Беше малку студено и темно, но тоа е реалноста“, изјавил тој. Тој додал дека не планира да престане со работа и оти верува дека ваквата одлука на некои би му изгледала ‘луда’“.
Неговата цел е да го заврши своето образование како инженер за топлинска енергија и да продолжи да се развива професионално.
„Морам да имам цел во животот. Татко ми во секој случај не би ми дозволил да престанам. Вели дека многу милионери работат и ти треба причина да стануваш секое утро”, заклучил Џејмс.
Фото: Принтскрин/YouTube/This World Is Random