Том Круз ги предаде Олимписките игри на Лос Анџелес, а за се што направи долго ќе се зборува…
Како што беше најавено, Том Круз (62) имаше важна задача на затворањето на Олимписките игри во Париз 2024 година.
Актерот, познат по изведувањето на неверојатни акробации, учествуваше во примопредавањето на Олимписките игри од Париз во Лос Анџелес за Игрите во 2028 година. Тој прво ги поздрави спортистите додека во придружба на гитара одел кон бината, а потоа знамето го закачил на задниот дел од својот мотоцикл и се упатил низ улиците на Париз, минувајќи покрај знаменитостите. Потоа влегол во авионот, по што следел скок со падобран кој го направил како од шега.
View this post on Instagram
Круз потоа скокнал од авионот и се упатил кон иконскиот холивудски знак.
Во 2004 година, актерот го носеше олимпискиот факел на стадионот Доџер како дел од штафетата на Олимпискиот факел во Лос Анџелес. Тој беше присутен во Париз на различни настани и е познат како љубител на Олимписките игри.
Фото: Принтскрин/Instagram