Видеото на кои се гледа како авион на „Ер Индија“ е заглавен под мост на автопат во Њу Делхи брзо се прошири на интернет.
Новинар од индиската новинска агенција АНИ Њуз споделил видео на Твитер, на кое се гледа како огромен авион е заглавен скоро точно на половина пат под мостот, додека има густ сообраќај наоколу и возилата го заобиколуваат.
Сепак, ова не е последица на обидот да се „лета под мостот“ како што мислеле многумина. Авионот не бил во употреба во тоа време, додава новинарката Ашоке Рај.
#WATCH An @airindiain plane ✈️ (not in service) got stuck under foot over bridge. Can anyone confirm the date and location?
The competition starts now👇 pic.twitter.com/pukB0VmsW3
— Ashoke Raj (@Ashoke_Raj) October 3, 2021
Авионот заглавил под пешачкиот мост додека патувал на автопатот Делхи-Гуруграм, недалеку од меѓународниот аеродром Индира Ганди во главниот град на земјата, пишува Times of India.
Авионот бил вон употреба и бил продаден во моментот на инцидентот, се наведува во соопштението на Ер Индија.
An out-of-service Air India aircraft got stuck under the footbridge when it was being transported.
Read today's top stories here: https://t.co/iOm40vn1kt pic.twitter.com/CpOJpSAgTe
— Sky News (@SkyNews) October 5, 2021
„Ова е стар, истрошен авион што веќе го продадовме“, рекол портпаролот на компанијата. „Немаме дополнителни информации бидејќи се поврзани со лицето на кое е продадено“, се додава.
Авионот, како што навеле, бил преземен од купувачот во саботата, ден пред овој инцидент.
Фото: Принтскрин/Twitter