Француската тркачка Алис Фино го соборила европскиот женски рекорд на 3.000 метри стиплчез, а потоа го запросила своето долгогодишно момче, шпанскиот триатлонец Бруно Мартинез Баргиел.
Откако го собори рекордот, Фино едвај застана за да ја прослави пресвртницата пред да побрза на трибините за да го сподели моментот со Баргиел – и да ја шокира публиката со клекнување на едното колено и запросувањето.
Можеби понеконвенционален од локацијата на запросувањето бил нејзиниот избор на накит. Наместо дијамантски прстен, тркачката користела олимписка значка. И наместо да му го стави на прстот, таа го закачила на додатокот на кошулата на Баргиела. Свршувачката ја прославиле со бакнеж.
French athlete Alice Finot, who broke the European record in women's 3,000-meter walking, proposed to her boyfriend after the race. 💍💕 pic.twitter.com/aGhtUqc469
— Tansu Yegen (@TansuYegen) August 7, 2024
Зборувајќи со новинарите по трката, Фино потврдила дека Баргиел кажал „да“.
„Си реков дека ако трчам под девет минути ќе го свршам, знаејќи дека девет е мојот среќен број и дека сме заедно девет години. Не сакам да правам работи како сите други. Бидејќи тој тоа сеуште не го направи тоа, си реков дека можеби на мене е да го направам тоа“, изјавила таа.
На значката со која го запросила пишувало „Љубовта е во Париз“.
Во вторник, 6 август, француската тркачка помогнала да се собори европскиот рекорд на 3000 метри стиплчез за жени. За време на финалето на 3000 метри во женска конкуренција, четири жени за првпат во животот направиле резултат под девет минути. Со време од 8:58.67, Фино беше четврти зад медалистите Винфред Јави од Бахреин, Перут Чемутаи од Уганда и Фејт Черотич од Кенија.
Фото: Принтскрин/Twitter