(ВИДЕО) „Некст тајм“ гости во „Улица Македонија“


Братското дуо “Next Time”, близнаците Стефан и Мартин кои со својта музика обединија многу генерации…
Од онаа тинејџерската публика во нивните почетоци, до највозрасните нивни обожаватели со прераработките и стилизацијата на македонскиот изворен фолклор во нивните последни песни.
Во „Улица Македонија“ зборуваат за музиката, за својот живот, кариерата, сите подеми и пресврти, сите правилни и погрешни избори и одлуки, за сите подвизи и измами, за фудбалот, Евровизија, љубовта, страста, нивните хобија, фобии и пасии, за тоа кој е и како изгледа нивниот трет брат…

За сето она што не сте го знаеле до сега за нив, за тоа колку се исти, а колку меѓу себе различни… Во уште едно одлично издание на шоуто „Улица Македонија“ со Бојана Скендеровски во САБОТА 24/03 во 14:35 часот, премиерно на ТВ 24… “Next Time”!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Се посрамотила во преносот, а потоа дала отказ: Шокантно вклучување на црногорската водителка, која поради бројните грешки била во центарот на вниманието

Владана Вучиниќ поднела оставка од црногорската телевизија по дебаклот при емитувањето на изборот на претставници …