(ВИДЕО) Не сакал да молчи – Громогласен аплауз за Хавиер Бардем за коментарите за Газа: „Нема оправдување“

Шпанскиот актер Хавиер Бардем ја осудил израелската влада за „злосторства против човештвото“ во Газа, апелирајќи до меѓународната заедница да ја повика на одговорност, а во исто време нагласил дека нема оправдување за казната што ја претрпело палестинското население.
За време на прес-конференцијата на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, Бардем се осврнал на ситуацијата во Газа, признавајќи дека нема да може да ја прослави наградата што ја добил.
„Тоа што се случува во Газа е целосно неприфатливо, страшно е, дехуманизирачко. Верувам дека оваа израелска влада е најрадикалната влада што Израел некогаш ја имал“, рекол актерот.


Бардем продолжии и рекол дека верува оти владата на Израел „врши злосторства против човештвото“.
Тој истакнал дека нападите на 7 октомври предводени од Хамас не можат да го оправдаат колективното казнување на Палестинците, додека израелските напади ги дефинира како „целосно неприфатливи, страшни и дехуманизирачки“, објави магазинот Variety.
„Очигледно, ужасните, страшниизаосуда напади на 7 октомври не ја оправдуваат оваа огромна казна што ја претрпе палестинското население“, додал тој.

Тој потоа конкретно ги повикал западните земји да ја преиспитаат нивната безусловна поддршка за Израел и го повикал Меѓународниот кривичен суд (МКС) да ги повика одговорните на одговорност.
„Неказнувањето што сегашната израелска влада го ужива за своите постапки во Газа и на Западниот Брег мора да се промени. Мислам дека земјите како САД, Германија и Англија особено мора да ја преиспитаат својата безусловна поддршка кога ќе видиме злосторства. Забраната за храна, вода, лекови и струја, како што вели УНИЦЕФ, тоа е војна против децата и ја продолжува оваа траума со генерации“, продолжил тој.
Оскаровац рекол дека се сомнева оти што било што ќе каже ќе промени нешто, но оти верува дека како општество имаме „морална и етичка обврска да го осудиме она што го сметаме за неправедно“.
„Она што ќе го кажам нема да промени апсолутно ништо, но верувам дека легитимното право да се критикува која било влада или земја нема никаква врска со обвинувањата за антисемитизам“, додал тој.
Бардем по неговата изјава добил громогласен аплауз од новинарите во просторијата.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Совети за одење – Како да го зголемите согорувањето на висцералните маснотии при одење

Губењето на салото од стомакот е вообичаена цел за здравје и фитнес што многу луѓе …