Од Флорида доаѓа приказна со среќен крај каде полицаец и помогнал на жена да се породи во автомобил.
Станува збор за полицаецот Даниел Џонс од Канцеларијата на шерифот на округот Хилсборо, кој и дошол на помош на трудница на автопат во Флорида.
„Таткото на детето го запре автомобилот, го премина автопатот, ме погледна и ми рече дека треба да го испратам до болница. Му реков дека ние не го правиме тоа. Се јавив на 911 и реков дека ќе добиеме бебе“, рекол Џонс.
Меѓутоа, трудовите напредувале, така што немало време.
„Тоа не беше наша одлука, тоа беше одлука на мајката природа. Беше јасно дека тоа ќе се случи“, додал полицаецот.
За жената ова било шесто породување, а на полицаецот трет пат на ваква интервенција.
Кога слушнал колку деца има парот, на шега им рекол дека им треба „подобро хоби“.
На полицаецот не му е непознато породувањето бидејќи веќе има одредено искуство, и со луѓе и со животни на фармата.
„Цицачот е цицач“, истакнал тој.
Полицаецот на тој начин и помогнал на жената да роди здраво девојче.
„Треба да го видите тој „чист“ момент кога таткото држи бебе и го гледа за прв пат. Во неговите очи можете да ја видите радоста, возбудата и грижата. Нема ништо по ‘чисто’ од тоа“, завршил Џонс.
Фото: Монтажа/Принтскрин/