(ВИДЕО) НАЈПАМЕТЕН ЧОВЕК НА СВЕТОТ: Вака живее Кристофер, кој е најинтелигентната личност на планетата

„До денес, никогаш не сум сретнал некој кој страдал од сиромаштија во своето детство како моето семејство. Немавме пар соодветни чорапи, а чевлите беа полни со дупки. Секогаш носевме иста облека. „Се сеќавам дека јас и моите браќа ја перевме облеката голи бидејќи немавме што друго да облечеме“, изјавил Крис.
И’ покрај таквите неволји, Крис Ланган продолжил академски да напредува. Кога имал 12 години, научил се што можело да го научи неговото државно училиште и почнал да поминува време во самостојно учење. Уште тогаш покажал знаци дека еден ден може да стане „најпаметната личност на светот“.
„Се’ научив на напредни математика, физика, филозофија, латински и грчки, сето тоа“, се сеќава Ланган, кој можел да научи јазик едноставно со прелистување на учебник. Тој дури и добил совршен резултат на тестот, иако заспал за време на тестот.
Исто така тој почнал да работи. И кога Џек, неговиот очув, се обидел да го нападне едно утро кога имал 14 години, Крис возвратил – всушност Џек го избркал засекогаш од куќата.
Наскоро Кристофер Ланган се подготвил да оди на колеџ. Но, тој наскоро ќе открие дека интелигенцијата не секогаш се претвора во успех во реалниот свет.


Кристофер Ланган отидшол на колеџот „Рид“ со надеж дека ќе студира математика и филозофија. Но, кога неговата мајка не го потпишала формуларот за да му обезбеди целосна стипендија, тој се откажал.
Потоа отишол во државата Монтана, но само накратко. Ланган подоцна изјавил дека се степал со професор по математика.
Сфатив дека ме „учат“ луѓе на кои би можел да им бидам учител“, рекол тогаш.
Така, тој го напуштил колеџот и отишол на исток да работи како каубој, градежен работник, пожарникар, фитнес тренер и обезбедување.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Што правеле астронаутите секое утро за да преживеат во вселената? Една работа им помогнала!

Астронаутите на НАСА, Сани Вилијамс и Буч Вилмор, пред три дена паднаа во морето во …