Секоја од неговите креација носи некоја порака
Едмонд Кок направил повеќе од 170 експериментални маски за лице, инспирирани од пандемијата на коронавирус и политичката состојба во Хонг Конг.
Како и многу други вработени во театарската и сценската индустрија, 50-годишниот дизајнер на костуми и актер, Едмонд Кок, се нашол во независна ситуација како резултат на избувнување на пандемијата на коронавирус, но тоа не ја забавило неговата креативност.
Неговите „откачени“ маски, кои ги претставил на социјалните мрежи, привлекле големо внимание.
Секоја од неговите креации носи некоај порака, па така маската контејнер ги потсетува луѓето дека пандемијата и штети на животната средина.
Маските со камери и раце кои ја покриваат устата претставуваат политички став за борбата на луѓето од Хонг Конг против набљудувањето и загушувањето на слободата на говорот, а 3Д-насочениот коронавирус што избувнува од маската ја отсликува здравствената криза на генерацијата.
(ВИДЕО) Најоткачени маски инспирирани со пандемијата на корона вирусот
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.