(ВИДЕО) НА ВОДИТЕЛКА И СЕ СЛОШИЛО ЗА ВРЕМЕ НА ПРОГРАМАТА, ПАДНАЛА НА МАСАТА: Колегите не забележале додека не удрила со главата, програмата веднаш била прекината!

Метеоролог на телевизија од Лос Анџелес, Алиса Карлсон Шварс се онесвестила за време на пренос во живо кога ја наведнала главата на пултот, а потоа паднала зад него.
Алиса се обидела да се смири и да ја победи несвестицата, но не можела. Отпрвин нејзините колеги не забележале дека и е лошо, но навреме реагирале и повикале брза помош.


„Сакам да им се заблагодарам на соработниците на Алиса кои веднаш реагираа да и помогнат и повикаа брза помош. Алиса моментално е во болница. Се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе информации. Во меѓувреме, таа е во нашите мисли и се молиме наскоро да оздрави“, рекол потпретседателот на CBS.
Шварц подоцна објавила на Фејсбук дека ќе биде добро и им се заблагодарила на своите пријатели и гледачи за нивните желби за нејзино опоравување.
Слично нешто на водителката и се случило и во 2014 година, кога таа повраќала додека емисијата се емитувала во живо, и и’ бил дијагностициран „протек“ на срцев залисток.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) На руска водителка и се скршило столчето во емисија во живо, потсмевот не престанува

БЕЛОРУСКИОТ медиум Nexta објави клип од емисија во живо на руската телевизија. Во тој клип, …