(ВИДЕО) На новинарка на ХРТ и се слошило за време на пренос во живо: Се струполила на сред реченица

Мирела Хунчек, новинарка од ХРТ, колабирала за време на директен пренос откако и се слошило.
Имено, Мирела известувала од Риека, каде зборувала за истрагата за траектот Ластово и одговорноста на Јадролинија. За време на јавувањето почнала да пелтечи и да се тресе.
„Во тој нацрт на конечниот извештај кој денеска се појави во сите домашни медиуми, стои дека Јадролинија не утврдила безбедносни прашања, ниту ја одржувала потребната документација. Понатаму, се наведува дека рампата на траектот не била обезбедена и дека членовите на екипажот не биле запознаени со начинот на работа на таа рампа. Во извештајот се наведува дека членовите на екипажот и капетанот на бродот не се одговорни“, рекла Хунчек за време на јавувањето, а потоа паднала.


Набрзо на помош и пришол колега, а за случајот продолжиле да известуваат од студиото .
„Се чинидека на колешката Мирела од Риека и се слошило, но дознаваме дека сега е добро“, рекла водителката во студиото.
Од ХРТ се охгласила за Index.hr, велејќи: „На нашата новинарка и се слоши за време на преносот во живо, но за среќа сега е добро. Таа немаше никакви проблеми пред емитувањето. Ви благодариме за грижата“.

Фото: Принтскрин/X


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Настан по повод Светскиот ден на ромскиот јазик

Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, организира настан по повод Светскиот ден на …