Приказната за четиригодишниот Рајан Хамос од САД, кој тврди дека е реинкарнација на холивудска личност, го потресла научниот свет.
Приказната за четиригодишниот Рајан Хамос од САД, кој тврди дека е реинкарнација на холивудска личност, го потресла научниот свет и ја отворило вратата за интересни дискусии за минатите животи. Рајан, гледајќи ја фотографијата на актерот Џорџ Рафт со непознат маж, изјавил: „Тоа сум јас!“. Тој момент поттикнал низа настани што довеле до неверојатно детални описи на неговите сеќавања за неговиот наводен живот во Холивуд.
Од дружење со Рита Хејворт до застрашувачки кошмари
Мајката на Рајан на почетокот не обрнувала многу внимание на неговите приказни, но нејзиниот скептицизам исчезнал кога момчето почнало да го опишува дружењето со актерката Рита Хејворт и настаните што се случиле долго пред тој да се роди. Рајан зборувал за живеење во луксузна бела куќа со базен, детали за патување и работа во Холивуд.
На петгодишна возраст, Рајан почнал да има кошмари во кои врескал дека „срцето му експлодирало во Холивуд“. Ова ја поттикнало неговата мајка да побара помош од д-р Џим Б. Такер, психијатар и професор на Универзитетот во Вирџинија, кој проучувал случаи на деца со спомени од минатиот живот.
Реинкарнација на холивудски агент
Со помош на експерти, д-р Дим Такер открил дека описот на Рајан за неговиот минат живот се совпаѓа со оној на Мартин Мартин, холивудски агент кој починал во 1964 година. Мартин прво бил непознат актер, а подоцна станал успешен ловец на таленти и танчер на Бродвеј.
Рајан точно ги опишал сестрите на Мартин, животот на брегот и фактот дека Мартин се женел четири пати. На фотографијата препознал една од своите сопруги. Тој исто така правилно го напишал зборот од домашната адреса на агентот и навел некои од луѓето со кои Мартин всушност се дружел за време на неговиот живот. Ова ги оставило научниците без зборови.
Во медиумската анализа на случајот, новинарка на програмата „ Today“ го прашала доктор Такер дали момчето ги добило информациите од родителите, но експертот вели дека некои работи не можеле да знаат бидејќи не се достапни на интернет, ниту пак имало начин да се дојде до нив.
„Најмногу ме изненади кога момчето ми рече – зошто Господ би дозволил да умрам на 61 година, а потоа повторно да се родам како бебе. Во изводот на смртта на Џорџ Рафт пишува дека тој починал на 59 години, но како шт подоцна се испоставило информациите не биле точни. Тој всушност имал 61 година кога умрел, бидејќи луѓето во Холивуд секогаш лажеле за тоа колку години имаат“, објаснува Такер.
Приказната на Рајан не е единствениот случај. Иан Стивенсон, пионер во истражувањето на минатиот живот, документирал над 2.500 случаи на деца кои се сеќаваат на минатите животи. Децата често ги опишувале настаните што довеле до нивната смрт. По смртта на Стивенсон, неговото истражување го продолжил д-р Такер, кој го направил случајот на Рајан еден од најпознатите во оваа област.
Приказната на Рајан станала глобална сензација и се нашла во бројни емисии и написи. Иако науката останува скептична за концептот на реинкарнација, ваквите случаи го поттикнаа интересот за понатамошни истражувања, отворајќи нови прашања за тајните на човековата свест. Засега, приказната на малиот Рајан останува една од многуте кои продолжуваат да ја разгоруваат имагинацијата и да поттикнуваат размислувања за необјаснети феномени на кои никој нема одговор.
Фото: Принтскрин//монтажа