(ВИДЕО) На концерт во Загреб – Лепа Брена повторно во солзи, била особено емотивна по песната „Посакај среќа на другите“

Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена синоќа одржала концерт во загрепската Арена, а концертот го одбележал и прилично емотивен момент кога пејачката завршила во солзи по песната „Посакај среќа на другите“.
Како што може да се види на видеата кои кружат на социјалните мрежи по настапот, Лепа Брена била особено трогната по песната „Посакај им среќа на другите“.

@leica70 #lepabrena #brena #zagreb #zg #arenazagreb #prvikoncert #1koncert #6.12. #fyp ♬ original sound – Lea


„Толку емоции, толку многу набој, не ме обвинувајте. Полесно ми е кога вака плачам заедно со вас, бидејќи со вас го делев и најдоброто и најлошото“, рекла Брена.

@ivanmagla Lepa Brena prvi koncert Zagreb 6.12.2024 #koncert #zagreb #lepabrena ♬ original sound – Ivan Magla


Иако концертот во Тузла изобилувал со емоции, Брена приредила вистински спектакл во загрепската Арена која била исполнета до последното место.
Гости на концертот биле Милица Тодоровиќ, Драгана Мирковиќ, Лана Кос и Бојан Васковиќ, фронтменот на бендот „Лексингтон“.
Да потсетиме, првиот концерт го најави пред една година, а интересот беше толку голем што набрзо беа додадени уште четири термини. Таа во Загребската Арена ќе одржи концерти и на 7, 9, 10 и 16 декември.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од машки агол – 11 лаги кои мажите и ги кажуваат на жената со која се во врска

Понекогаш тоа се мали и невини лаги кои мажите ги кажуваат затоа што не сакаат …