(ВИДЕО) На Џастин Бибер му се парализирала едната страна од лицето, пејачот е во лоша форма!

Познатиот пејач преку видео на социјалните мрежи откри дека му е дијагностициран Рамсаи Хант синдромот.
Американскиот пејач Џастин Бибер морал да откаже некои концерти кои ги планирал за следната недела поради здравствени проблеми.
Бибер им открил на обожавателите дека поради парализа на лицето не можел да ја задоволи желбата на многу обожаватели да ги одржи концерти во Вашингтон и Торонто.

„Како што можете да видите, не можам да трепкам на едното око. Не можам ни да се насмевнам на едната страна. Значи, имам целосна парализа на оваа страна од лицето”, рекол Бибер на Инстаграм, откривајќи дека му била дијагностициран Рамсаи Хант синдромот.
Рамсаи Хант синдромот е инфекцијата со херпес зостер кој влијае на фацијалниот нерв.
Синдромот обично се поврзува со црвен осип и плускавци на увото или ушната школка, а понекогаш и на непцето или јазикот.
Покрај болниот осип на херпес зостер, синдромот Рамсаи Хантможе да доведе до парализа на лицето и губење на слухот во заболеното уво. Така, вирусот го инфицира фацијалниот нерв, кој ги инервира и ги контролира мускулите на лицето.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …