Младата пејачка Андријана Петрушовска буквално „растури“ во саботата на најголемото музичко натпреварување на овие простори – „Ѕвездите на Гранд“.
Со сите шест гласови од жирикомисијата нашата Андријана директно отпатува во четвртфиналето и со тоа потиша договор со „Гранд продукција“.
Жирикомисијата составена од Саша Поповиќ, Цеца Ражнатовиќ, Драган Стојковоиќ – Босанац, Ана Бекута, Мили, Вики Миљковиќ и нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид имаа само пофални зборови за настапот на Петрушовска.
Особено силни зборови за Андријана упати Марија Шерифовиќ…
“Браво, браво, лудница“ – беше коментарот на Шерифовиќ, а по неа се надоврза и Цеца Ражнатовиќ…
„Што ти реков, што ти реков? Браво кукло“!
Инаку покрај одличниот настап, Андријана секоја емисија во музичкото шоу внимание остава и со своите впечатливи стајлинзи, особено сега кога таа беше облечена како „cat woman“.
Погледнете го нејзиниот настап: