Во тек се пробите за концертот „ЛЕТАЈ ГАЛЕБЕ“ на маестро Кира Костов. Членовите на оркестарот свират со многу емпатија и желба да ги пренесат емоциите што Костов ги внесуваше во музиката… А диригентот Сашо Татарчев со многу љубов и посветеност со музичарите внимава се да биде како што своевремено замислил маестро Кире Костов.
Концертот „Летај галебе“, што ќе се одржи во вторник, е продолжување на низата настани со кои ќе се одбележи делото на маестро Костов кој „ја задолжи“ македонската музика – и како инструменталист, и како композитор на музика која допираше до народот и остана до ден денешен да живее но и на онаа негова, првична, сериозна.
Вчера имавме можност да присуствуваме на првата проба на оркестарот кој предводен од диригентот Сашо Татарчев не само што свиреше со многу емоции туку и потпевнуваше покажувајќи колку им е важно што се дел од овој проект.
Денес на втората проба ќе присуствуваат и изведувачите – македонските пејачи и пејачки кои добија тешка задача да ги пренесат и донесат песните на Кире Костов, но ќе има и изненадувања…
Г.О.
ekran платформа за слободоумни