Британецот Нил Кросли стана ѕвезда на социјалните мрежи по грешка на свадбата на неговата ќерка, каде што ја заборавил и сам се прошетал по патеката.
Нил од Јоркшир се подготвувал да ја прошета ќерка си по патеката, но за малку ќе го заборавил најважниот дел од својата задача. Моментот, кој беше снимен на видео, произлегол од кратка секунда на конфузија и погрешна комуникација.
Нил мислел дека добил зелено светло да се упати по патеката додека неговата ќерка Ејми чекала. Почнал самоуверено да оди кон олтарот, поради што морале да му довикуваат.
@dailymailuk A hilarious moment as a father made his way down the aisle, but forgot the bride! Luckily when he got told about his mistake the wedding was able to continue, and it even got a mention in his speech! 🎥 SWNS #wedding #weddingday #marriage #funny #weddingtok ♬ original sound – Daily Mail UK
Вцрвенет член на персоналот, на местото на настанот, трчал по него за да му го сврти вниманието.
Нил за малку ќе стигнел до олтарот пред ненадејно да се заврти и да сфати дека Ејми сè уште го чека. Невестата пукнала од смеење додека нејзиниот татко се враќал откако ја сфатил својата грешка.
Овој лапсус ги насмеал сите, па дури и станал дел од говорот на Нил подоцна на приемот што следел.
После тоа, Нил и Ејми уште еднаш тргнале по патеката и конечно успеале да го направат тоа заедно.
Фото: Принтскрин/TikTok