(ВИДЕО) Момче опишало НАЈЛОШ ПРВ СОСТАНОК: Сè одело без проблеми, додека на масата не седнал ДРУГ МАЖ и ја разоткрил девојката…


Корисник на TikTok, познат само по корисничкото име Pattyslap23, се приклучил на предизвикот на оваа социјална мрежа, кој бара од корисниците да ја раскажат приказната за најлошиот состанок на кој некогаш биле.

@pattymac2399 #stitch with @findingmrheight Worst date you’ve been on #fyp #worstdate #married #likeforpart2 #drphil ♬ original sound – Pattyslap23


„Тоа беше пред две години, во Бостон. Отидов на првиот состанок со една девојка, се’ беше супер, се забавувавме, отидов да ја платам сметката и планиравме да одиме во кино…“, ја започнал приказната младиот човек и додал:
„Одеднаш во ресторанот влезе непознат маж и седна со нас на масата, а девојката стана ‘бледа како дух’.
Младиот човек го прашал мажот дали може да му помогне, а тој му рекол дека само седел на состанок со сопругата.
„Ја прашав дали навистина тоа е нејзиниот сопруг и таа се обидуваше да најде изговор, но работите само се влошија. Најдобриот дел беше кога нејзината ќерка втрча и и седна во скутот“.
Според The ​​Sun, девојката била во брак седум години, живеела со сопругот и ќерката, но, очигледно, сакала малку забава на страна.
Корисниците биле шокирани од неговото искуство, но заклучиле дека е подобро да дознаете вакво нешто на првиот состанок отколку подоцна, кога ќе се развијат чувствата.
Подоцна објавил уште неколку видеа во кои вели дека мажот веднаш побарал развод од сопругата, а Pattyslap23 останал во контакт со него и дури еднаш го запознал со својата пријателка, со која мажот сега е во врска.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Со концертот на Kadonnut Manner започнува концертниот серијал „Нова пролет“ во организација на Канал 103

Нова пролет за Стотројка. Концерт на Kadonnut Manner и почеток на роденденските музички свечености на …