(ВИДЕО) Младенци влегле во салата, а потоа настанала тишина: Сфатиле дека никој не дошол на нивната свадба, невестата снимала се, а тажните сцени предизвикале хаос на мрежите

Таа објаснила дека поканила 75 луѓе преку социјалните мрежи, додека 25 физички покани се испратени до постарите и оние кои немаат акаунти на социјалните мрежи.
Младата Калина Мери на својот ТикТок профил споделила тажна приказна како оди до олтарот со сопругот, а салата за венчавки е празна. Ова видео наиде на големо внимание кај јавноста, а потоа им се обратила на сите кои го коментираа нејзиниот посебен ден, објаснувајќи зошто луѓето не дошле.


Како сето тоа започнало?
Корисничката на TikTok, Калина Мари, минатата недела стана вирална од сите погрешни причини кога сподели видео на кое таа оди на нејзината маскенбал свадба.

@kalina_marie_23 Replying to @ophelia 🦋 ♬ Everybody (Backstreet’s Back) (Extended Version) – Backstreet Boys


На видеото се гледаат само тројца во салата, што било далеку од очекуваниот број на гости. Калина на социјалните мрежи објаснила дека по девет години врска и четири години веридба ја одложиле венчавката поради пандемијата.
Но, во јануари годинава конечно одредиле датум за октомври и почнале да испраќаат покани.
Таа објаснила дека поканила 75 луѓе преку социјалните мрежи, додека 25 физички покани се испратени до постарите и оние кои немаат акаунти на социјалните мрежи.
На крајот, Калина рекла дека добила 40 одговори, што значи дека очекувала многу луѓе да присуствуваат на церемонијата – но на крајот се појавиле само пет лица.

@kalina_marie_23 Replying to @keep_aiming_forward ♬ Someone – Aaron Lewis


Изразувајќи го своето разочарување во описот на оригиналното видео, кое го погледнале повеќе од шест и пол милиони луѓе, таа напишала: „ДОЈДАА ПЕТ ЛУЃЕ!!!!!!! Како, дали си сериозна?! Како што се гледа во видеото, влегуваме во салата, а немаше никој“.
Работата да биде уште полоша, тие го одложија настанот за еден час, надевајќи се дека некој ќе се појави, но за жал, иако таа сонувала да се венча пред полна сала, тие на крајот биле разочарани.
Сепак, таа завршила велејќи: „Дали ја искористивме ситуацијата? Секако дека ја искористивме… Но, се што знам е дека имам свој маж. Моето дете. И семејство кое е таму кога ми треба. И за тоа јас ‘ќе бидам благодарна’“.
По прашањето зошто никој не се појавил, Калина на крајот снимила видео одговор, четири дена по познатата венчавка, одговарајќи на коментарот кој гласел: „Па, која е причината, сите тие луѓе се отсутни, без објаснување?

@kalina_marie_23 Replying to @Jacob Cowen ♬ original sound – 💕 KaLi 💕

Таа најпрво зборувала за процесот на испраќање на поканите, откривајќи дека направила настан на Фејсбук и објаснила дека нејзината мајка подготвила храна за 40 луѓе, која сега залудно пропаднала.
„Проверував со сите во текот на неделата на венчавката, а најмалку 20 луѓе потврдија дека имаат облека и дека доаѓаат“, признала таа.
Калина продолжила: „А најголемото прашање е зошто? И не знам дали би можела да одговорам на тоа“.
„Би ви кажала, но не, навистина не добив многу пораки во кои објаснуваат зошто луѓето не доаѓаат или се оправдуваат. И јас сум некако благодарна за тоа“, тврди таа.

@kalina_marie_23 Replying to @ivysnana1 ♬ original sound – 💕 KaLi 💕

На крајот, невестата рекла: „Во најголем дел избришавме многу работи, ги преиспитавме нашите животи и поминавме многу време ценејќи го она што го имаме и она што го имавме“.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За квалитетна врска – Четири работи кои повеќето мажи ги сакаат во врската

Мажите нема секогаш да бидат најкомуникативни кога станува збор за нивните потреби, желби и очекувања …