(ВИДЕО) Млад британски актер, 17-годишниот Џек Веал, открил дека е бездомник и побарал помош за TikTok: Глумел во серија на Marvel

Британскиот актер Џек Веал, кој глумел покрај Том Хидлстон во серијата „Локи“, открил дека моментално е бездомник испраќајќи апел за помош.
17-годишниот актер откри на TikTok дека живее во приколка во Лондон и ги сподели тешкотиите што ги доживеал.
„Здраво, јас сум познат актер, имам 17 години и сум бездомник. Не спомнав многу што се случило во мојот живот, но мислам дека е време да ја откријам вистината“, изјавил тој на почеток на видеото.
Веал, исто така, тврдел дека бил малтретиран кога бил помлад и рекол дека се соочувал со потешкотии со менталното здравје.

@jackvealfitness #charity #homeless #homelessat17 #loki #endofthefuckingworld #help #jackveal ♬ original sound – jackvealfitness


„Се борам со моето ментално здравје. Имам аутизам, АДХД и ме тестираат за биполарно растројство и психоза“, додал тој, велејќи дека не може да остане со баба му и дедо му и дека нема каде да оди.
„Ми треба помош. Социјалните служби одбиваат да ми помогнат и покрај тоа што им го кажав. Очаен сум“, продолжил тој.
Џек потоа ја префрлил камерата за да ја покаже областа во која се наоѓа моментално додека повикува на помош.
„Спиев на улица. Во моментов спијам во приколка која има скршени прозорци, не е безбедно, два часа е од мојата работа, што значи дека е тешко да одам на работа секој ден. Тешко е. Животот е тежок. Моментално, немам ништо друго. Ве молам споделете го ова, направете нешто, ширете ја пораката за тоа како влоадата се однесува со децата“, рекол тој.

@jackvealfitnessIts beeen a rollercoaster. Thankyou all. Ill update you more tomorrow.


♬ original sound – jackvealfitness


Тој од корисниците на TikTok побарал да го споделат неговото видео и се чини дека се исплатело бидејќи набрзо станало вирално.
„Само што добив повик од социјалните служби во кое рекоа дека сакаат средба со мене утре за потенцијално да ме одведат во згрижување, поддршка и домување“, рекол 17-годишниот актер.
Џек, кој е роден во 2007 година, првпат се појави на екранот на 10-годишна возраст кога се појави во драмскиот филм „My Name Is Lenny“, глумел и во драмата „Tin Star“, како и во серијата „The End of the F***ing World“.
Тој глумел млада верзија на ликот на Том Хидлстон во серијата на Марвел, „Локи“, во 2021 година, а неговата последна улога беше во научно-фантастичната серија „The Peripheral“ следната година.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …