После одличната емисија со американскиот амбасадор Џес Бејли, на гости во студиото на „Еден на Еден“, доаѓа Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров.
За првпат ќе имате прилика министерот Димитров да го видите во едно поинакво светло, каде зборува за својот приватен живот, за студентските денови, за анегдотите од средбите и патувањата и уште многу други интересни содржини кои ќе го задржат вашето внимание.
Димитров на Жаре му откри и многу интересен детал од времето кога беше советник на Претседателот Борис Трајковски. Во една прилика во 2001. година покојниот Трајковски на висок претставник од Европската Унија му го покажал патот до вратата, а тој морал да го моли да се врати назад. За кого се работи, ќе дознаете во недела во 18:50 на „Канал 5“.
Ве очекува уште едно одлично издание на најгледаното ток-шоу во Македонија. Погледнете ја најавата: