Мина Блажев, девојчето кое го запознавме на „Ѕвездичките на Пинк“ ќе не претставува на годинешното издание на „Јуниоревровизија“…
Македонија и годинава ќе учествува на детската Евровизија, а после минатогодишната историска победа на Грузија, јубилејното 15. издание ќе се одржи на 26. ноември во главниот град Тбилиси.
Боите на нашата земја овој пат ќе ги брани пинковата ѕвездичка Мина Блажев, која ќе се натпреварува со песната „Dancing Through Life” (Танцување низ животот), песна од авторскиот опус на Александар Масевски.
Ова ќе биде 13. учество за Македонија на детскиот Евросонг, каде што највисокиот пласман досега ни е 5. место, освоено во два наврати.