(ВИДЕО) Меланија Трамп во службен допис ја навредувала најмоќната жена во модната индустрија


Откако Ана Винтур во интервју за CNN дискретно изјавила дека актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп никогаш повеќе нема да се појави на насловната страница на „Вог“, гласноговорничката на Меланија “распали” по најмоќната жена во модната индустрија.


Винтур за CNN кажала дека „Вог“ не е непристрасен и дека тој е склон кон демократската струја, а сите кои го гледале интервјуто сфатиле дека Винтур нема да ја повика Меланија за фотосесија за насловна страница на магазинот. Иако директно не ѝ се обратила, Меланија одлучила да изреагира така што нејзината гласноговорничка објавила соопштение во кое ја навредила уредничката на магазинот.


“Насловната страница на модниот магазин ‘Вог’ не ја дефинира госпоѓата Трамп со оглед на тоа дека претходно се појавувала на тој магазин. Нејзината улога на прва дама на САД и сè што е составен дел од неа е многу поважно од некоја површна фотографија и покриеност. Ова само дополнително покажува колку индустријата на модните магазини е пристрасна и покажува колку Ана Винтур е несигурна”, стои во соопштението.


Меланија Трамп на насловната страница на Вог се најде пред венчавката со Доналд во 2005 година. Нејзиното покажување на венчаницата пред венчавката тогаш многумина го нарекле врв на невкус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Многу луѓе ги пијат овие пијалоци секој ден, а тие можат да го зголемат ризикот од инсулинска резистенција

Инсулинската резистенција станува сè почест здравствен проблем низ целиот свет. Тоа е состојба каде што …