Меган Маркл го направила своето прво јавно појавување откако принцот Хари ги коментирал гласините за наводни проблеми во нивниот брак. Додека Хари престојувал во Њујорк, Меган престојувала во Лос Анџелес, каде присуствувала на галата The Paley Honors.
Имено, вечерата ја организирал нејзиниот близок пријател Тајлер Пери, а Меган за таа прилика избрала елегантен црн фустан од Оскар де ла Рента, со дијамантски огрлица со крената коса.
Meghan Markle is royally unbothered. pic.twitter.com/UVH4Zs8tw7
— E! News (@enews) December 5, 2024
Принцот Хари неодамна бил гостин на Самитот DealBook на New York Times, каде зборувал за гласините околу неговиот брак со Меган.
„Се шпекулираше дека сме купиле куќа или сме се преселиле 10 или 12 пати, а исто толку пати тврдеа дека сме разведени. Тешко е да се следи сето тоа, па најдобро е да се игнорираат такви работи. Најмногу ми е жал за луѓето кои имаат свои очекувања, кои подоцна не се исполнуваат“, изјавил Хари.
Веќе некое време се шпекулира за проблеми во нивниот брак, а неколку пати сопружниците се видени одвоено на јавни настани.
View this post on Instagram
Да потсетиме, Меган и Хари неодамна се појавија заедно за прв пат по три месеци, кога објавија видео по повод Светската конференција на министри за борба против насилството врз децата. По тој повод и двајцата носеа значки со симболот на афионот во чест на споменот на загинатите војници во Првата светска војна.
Фото: Принтскрин/X