КАТ Камалани одлучила на најдобар можен начин да одговори на сексистичкиот коментар на маж во салата. Оваа стјуардеса и мајка на две деца дошла да крева тегови. Еден маж и пришол и ја прашал дали мисли дека може да крене 15 килограми.
„Реков дека ќе земам тежина од 45 килограми. Почна да се смее и рече дека не можам да кренам толку и го впери прстот кон теговите од две килограми и рече дека тие се тегови за девојчиња”, го споделила искуството на TikTok.
Не сакаше да се откаже. Таа зеде тежина од 45 килограми.
„И тогаш го направив ова“, додала таа, покажувајќи како од клечење со леснотија крева голема тежина неколку пати.
@katkamalaniSorry? What did you say again? #fitness #strongwomen #weightloss
Видеото предизвикало воодушевување кај публиката и има 56. илјади прегледи.
„Требаше да ја фрлиш таа тежина врз него“, се пошегувало едно лице.
„Не ми кажувај дека не можам да направам нешто, бидејќи и да не можев порано, сега ќе ме поттикнат гневот и бесот“, рекол друг.
„Му покажа што се жените, браво“, и честитала трета.
Фото: Принтскрин/TikTok