(ВИДЕО) Марија Шерифовиќ откажала концерт во Бања Лука:„Сите знаеме зошто!“

Српската пејачка Марија шерифовиќ го откажала концертот во Бања Лука, а за тоа фановите ги известила на Твитер.
„Луѓе, само мал апдејт, решивме поради ситуацијата која моментално владее во Бања Лука, а сите знаеме за што станува збор, да го откажеме концертот. Така што, ќе се видиме некогаш кога ќе биде поубаво и помирно време“, рекла пејачката во видеото.
Марија го откажалка концертот и покажала подршка на протестите поради убиството на младиот Давид Драгичевиќ.


Нејзините фанови воопшто не и замериле поради откажувањето, туку се чини дека со овој чин пејачката уште повеќе „пораснала“ во нивните очи.


„Браво Марија! Со ова докажа дека не е тешко да се биде човек!“, „Браво, Маре, секоја ти чест. Работа си е работа, професионализмот на прво место, но сепак не е убаво да се пее таму каде што девет месеци се бара правда за момче од 21. година кого државата го уби“, „Лавице секоја чест“, „Сите те сакаме, прва која покажа дека има срце…Ќе биде запамтено!“, „Искрено благодарам“, се нижеле коментари…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тајната за младешки изглед оваа Нова година

Со приближувањето на Новата година, многумина од нас размислуваат за нашите рутини и размислуваат за …