(ВИДЕО) Македонско девојче со глас од милион долари:Драгана освојува во музичкото шоу „Некои нови…“


Во секоја емисија на регионалото музичко шоу „Неки нови клинци“ имаме прилика да гледаме различни кандидати кои имаат прилика да го покажат својот талент, а меѓу нив и деца од Македонија.
Во најновото издание на регионалното музичко шоу „Неки нови клинци“ настапуваше и 12.годишната Драгана Костова од Струмица.
Таа се претстави со песните „Није љубав то“ од Марија Шерифовиќ и „Срце није камен“ од Тоше Проески.
Драгана доби пофалби и позитивни коментари од членови на жирито.

„Јас буквално не дишев додека пееше. Драгана ти имаш глас од милион долари. Секоја ти чест. Нека го запаметат твоето име, ќе бидеш голема пејачка“, изјави Мирза Селимовиќ.
Биљана Сеќивановиќ истакна дека Драгана сигурно ќе оди во финале бидејќи не смее да се заборави таков глас и талент.
„Драгана секогаш е одлична. Ти пукаш од енергија, имаш сила и израз на енергија. Ти си секогаш добра, изјави Ивана Селаков.
Костова повторно пееше во баражот и се пласира во финалето. Дали таа ќе биде победник останува да видиме.


https://youtu.be/tTLQzQum054

За потсетување, претходната година во ова музичко шоу победи македонската кандидатка Благица Ѕунѕуровска.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложба „Професори и студенти“ вечерва во МКЦ

Младинскиот културен центар оваа година по третпат ја реализира изложбата „Професори и студенти“. Суштината на …