(ВИДЕО) Македонија ја доби новата музичка ѕвезда: Талентираниот тинејџер Наум Бумбарески е победник во “Пат до Ѕвездите”


Вчеравечер се случи големото финале на македонското музичко талент шоу “Пат до Ѕвездите”, кое во живо се емитуваше на тв “Алфа” и “Балкан Мјузик”.

Македонија ја доби новата музичка ѕвезда, а тоа е младиот Наум Бумбарески (15) од Ресен, кој вчера беше буквален победник во скоро сите категории. Победник од жирокомисија и победник од смс-гласови. Второто место и припадна на младата и талентирана битолчанка Софија Пуровска, додека пак третото место заврши во рацете на Михаел Милошески од Прилеп. На сцената продефилираа 10 финалисти, а секој од нив успеа да ја импресионира жирикомисијата составена од Роберт Саздов, Стојне Николова, Панчо од ДНК, Сузана Спасовска и Огнен Неделковски.


Сепак, на крајот мораше да се избере само еден од нив. Наум Бумбарески како победник ќе добие песна, музички видеоспот, а исто така и договор со “Арт Продукција”. Инкаку Наум е најмладиот учесник во двете сезони на “Пат до Ѕвездите”, а иако пропозициите на шоуто беа дека право на учество имаат тие над 16 години, сепак продукцијата направи отстапка и му дозволи на младото момче од Ресен да се натпреварува и да го покаже својот талент. Погледнете како изгледаше прогласувањето на победникот:


 

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПОЧИНАЛ СЛАВЕН ОСКАРОВЕЦ: Ќе биде запаметен по иконските филмови што ги режираше и напиша сценарио

Добитникот на Оскар, режисер и сценарист Роберт Бентон починал во недела на 92-годишна возраст. Добитникот …