Во италијанската Серија А синоќа беше постигнат најубавиот гол сезонава, а тоа беше дело на Шкотланѓанецот Чеа Адамс кој му донесе победа на својот Торино на гостувањето кај Емполи.
Чеа Адамс беше стрелец на единствениот гол на натпреварот и му донесе тесна победа на Тори од 1:0, а моментот на магија се случи во 70. минута.
🏴🤯 Che Adams (28) scored from the halfway line against Empoli yesterday. Wow! 💫 pic.twitter.com/RESht1t6GH
— EuroFoot (@eurofootcom) December 14, 2024
Адамс доби додавање од Хрватот, Никола Влашиќ, во центарот на теренот и веднаш, без премногу размислување шутирал кон голот, а топката заврши во мрежата!
Адамс очигледно видел дека голманот на Емполи истрчал од својот гол и бил невнимателен, а тоа го искористи максимално и се прослави.
Со три бода во поредокот, Торино се израмни со Емполи на 10. место, а двата тима сега имаат по 19 бода.
Фото: Принтскрин/X