(ВИДЕО) МАЈКА ВО МАРКЕТ ЗЕМАЛА ПОГРЕШНО ДЕТЕ, А ПОТОА НАСТАНАЛ ХАОС: 18милиони луѓе го виделе ова видео и НЕ ВЕРУВААТ што гледаат!

Сите мајки знаат дека родителството понекогаш е навистина тешко. Од мајките се очекува да прават, да кажат и да запомнат толку многу што понекогаш е премногу за нив. Сетете се на последниот пат кога сте отишле во супермаркет, колку задачи требало да направите а колку малку време сте имале. Сега замислете што би се случило ако по грешка земете погрешно дете на каса во целата таа трка. Ужасно, нели? Токму тоа и се случило на една мајка, а снимката од бизарната ситуација набрзо станало вирално.
Во видеото објавено на TikTok, можеме да видиме мајка во сино како држи дете во розова јакна. Изгледа како да брза и се обидува да се погрижи да има се што треба да купи во количката. Набргу ѝ приоѓа друга жена, и ѝ кажува нешто, притоа и го зема детето од рака и ја насочува по друг ходник каде што има дете со идентичен изглед.

@whistleworthy Well this is embarrassing. 😅😭 #parents #parentsoftiktok #kids #babies #babiesoftiktok #oops #fail #hilarious #sorry ♬ original sound – Whistle Worthy


Иако носи маска, па тешко и се гледа изразот на лицето, можеме само да нагаѓаме што мисли и како реагира оваа мајка, која веднаш потрчала кон своето дете, каде и завршува видеото. Другата мајка само непријатно се смее, навидум сочувствувајќи со згрозената жена.
Видеото е објавено на TikTok и е прегледано над 18 милиони пати, а коментарите се секакви – од луѓе кои ја осудуваат мајката и не можат да поверуваат дека таа за малку ќе зела погрешно дете во продавница, до оние кои сочувствуваат со уморна жена.
„Можам да разберам како се чувствува. Уморна, исцрпена, зафатена и тогаш наидува на дете кое е облечено идентично како нејзиното. Се согласувам дека ситуацијата е бизарна, но дефинитивно можам да ја разберам. За среќа, на крајот се заврши добро“, напишала една мајка.
„Не осудувајте, а особено кажете дека тоа никогаш не би ви се случило. Зошто? Па, затоа што и јас го направив ова еднаш. Фатив нечие дете за рака и почнав да го влечам, мислејќи дека син ми дава отпор затоа што не сака да си оди дома“, коментирала друга.

Фото: Принтскрин/TikTok


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Џенифер Анистон ја отворила вратата од својот дом во Бел Ер: Прозорци од подот до таван и многу растенија

Џенифер Анистон ретко пружала поглед на својот дом… Џенифер Анистон на следбениците на Инстаграм им …