Зборувајќи за својот нов филм „Hustle“, во емисијата „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“, актерот Адам Сандлер морал да и објасни на публиката што се случило со неговото лице, бидејќи водителот го прашал за видлива повреда под окото.
„Имав несреќа. Се е во ред, но посакувам да беше добра приказна – патетично е”, одговорил Сендлер.
Актерот потоа раскажал како влегол во кревет во кој чаршафите биле премногу цврсто напикани. Во обид да ги олабави со клоцање, телефонот одлетал и го удрил под окото, расцепувајќи му ја кожата.
Сандлер рекол дека инцидентот се случил во 4. часот наутро и дека, сè уште поспан, решил да се справи со повредата наутро, несвесен за тоа колку лошо изгледа раната.
„Ужасно крварев. Во собата беше многу темно, почувствував влага и бев во грешка. Мислев дека само плачам… Не сакав да станам бидејќи бев уморен”, рекол актерот и продолжил:
„Се разбудив, раната сè уште крвареше и имаше крв низ целиот кревет и работите. Потоа реков: ‘Морам да го поправам ова’. Затоа отидов во продавницата на Apple“.
Актерот подоцна, за време на разговорот, раскажал анегдота од нудистичка плажа во Шпанија додека го снимал својот претстоен филм таму.
Имено, додека се капел оддалеку ја здогледал плажата, а кога допливал до нејзиниот брег сфатил дека сите посетители се голи.
„Сите се чувствуваат одлично затоа што се голи, никој не се грижеше. Стари, млади, згодни луѓе, оние кои не изгледаат баш најдобро, сите беа голи. Едноставно се чувствуваа удобно”, рекол актерот.
Сандлер сакал да се приклучи на безгрижниот однос на Шпанците, сакајќи да се чувствува „удобно и самоуверено“, и ги соблекол шорцевите. Меѓутоа, актерот набрзо почувствувал вознемиреност бидејќи сфатил дека некој може да го слика и да му го „уништи животот“.
Решил да остане под вода, но рекол дека содржината на сол во Медитеранот предизвикува неговите интимни делови да лебдат на врвот на водата, без разлика колку активно се обидувал да ги сокрие под површината.
Сандлер опишал како неговите интимни делови го привлекувале вниманието на галебите и кажал шега за тоа како тие сигурно дебатирале дали се работи за црв или помфрит од Мекдоналдс.
Фото: Принтскрин/YouTube