Невестата на која и се развикал свештеникот објаснила што всушност се случило во коментар под видеото.
Драматично видео од дворот на црквата, на кое свештеник и вика на невеста пред запрепастените гости, предизвикало бура од реакции на социјалните мрежи, а сега во коментарите се огласила и девојка која тврди дека е невестата. Таа во коментар под објавата ја открила наводната причина за непримерното обраќање и однесување на свештеникот, а се сомнева дека снимката е направена пред неколку години.
„Јас сум невестата. Шести месец бремена, да го доживеам ова на мојата свадба! Причина: доцневме 5-10 минути, човекот брзаше затоа што ветил дека ќе одработи и погреб, гладен за пари. Го сменија“ напишала невестата на која и се развикал свештеникот.
Зборовите на попот: “Ќути, невесто! Тишина, невесто!” одекнувале низ црквата, додека присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
Иако на видеото не се гледаат јасно младенците, свештеник во одора, како и збунетите гости, ‘упаднале’ во кадар во моментот кога почнал метежот.
@blkn.legend Haos u crkvi! Sveštenik se dere na mladu iz sveg glasa. #foryou #fy #for #foryoupag #tikt #fyp #foruyou ♬ original sound – Balkan Legend
„Молчи, невесто! Молчи бре невесто! Молчи, младо госпоѓо,дате е**м!“, одекнувал гласот на свештеникот, додека присутните со неверување ја следеле ситуацијата.
Збунетите гости се прекрстиле и се обиделе да му се обратат: „Оче, што ти е? Во тој момент, младоженецот истрчал од црквата и се соочил со грубото однесување на свештеникот:
„Што не е во ред? Не викај на неа!”
Фото: Принтскрин/X