Од Индонезија доаѓа веста за ужасната смрт на 8-годишно момче кое го проголтал крокодил додека пливал во реката, пренесува Mirror.
Момчето во средата пливало со неговиот помлад брат во река во провинцијата Источен Калимантан, додека неговиот татко ги гледал од куќата во квартот Кутаи Тимур. Кога забележал дека има крокодил во реката, таткото скокнал во реката и почнал да го удира со голи раце животното што го голтало неговото дете.
Крокодилот избегал, но еден ден подоцна го фатиле работниците на агенцијата за спасување кои го пронашле телото на момчето недопрено во неговиот стомак.
Реката во која момчето пливало е позната како живеалиште на крокодили, но и покрај тоа, семејството често се капело во неа, изјавил службеникот на спасувачката агенција Октавианто.
Фото: Принтскрин/