Крем ролат совршен за секој гостин, како и за домаќините
Состојки за бисквитот:
7 белки
80 гр шеќер
80 гр мелени ореви
30 гр остро брашно
1 прашок за пециво
Состојки за грилијаж:
100 гр шеќер
100 гр ореви
Состојки за филот:
3 дл млеко
7 жолчки
50 гр шеќер
1 пудинг од ванила
200 гр путер
Додатоци за крем:
грилијаж (одвојте 2-3 лажици за декорација)
100 гр чоколадо за готвење
Подготовка: Одделете ги белките од жолчките. Во белките ставете го шеќерот и изматете ги, па додајте ги оревите, брашното и прашокот за печиво. Овој бисквит печете го кратко во рерна.
Растопете го шеќерот во карамелот, а потоа додадете ги оревите и загрејте додека сè не се карамелизира. Смесата истурете ја на хартија за печење и оставете ја да се излади, малку раширете солажица да биде потенко.
Потоа подгответе го филот со мешање на жолчките, пудингот од ванила, шеќерот и млекото. Сето тоа сварете го на шпорет и потоа додадете путер.
Кога ќе го изматите целиот крем, поделете го на два дела. Во едниот дел ставете го грилијажот, а во другиот стопеното темно чоколадо.
Филувајте го ролатот, завиткајте го, изладете го и послужете го кога ќе се стегне.
Фото: Принтскрин/YouTube